Иран како одмазда за убиството на Али Лариџани го нападна Тел Авив со касетни бомби. Според извештаите, во нападот се убиени најмалку две лица. Лариџани беше генерален секретар на Врховниот совет за национална безбедност, а беше убиен вчера во воздушен напад на Техеран.
Израелската армија соопшти дека во земјата се регистрирани напади врз повеќе локации, а граѓаните се повикани се оддалечат од погодените подрачја.
Во израелските напади, пак врз центарот и јужните предградија на Бејрут има најмалку шест загинати, а 24 се повредени. Израелски воздушен напад утрово погоди станбена зграда во Башура, во центрот на градот.
Израелската армија ги предупреди жителите во зградата да се евакуираат околу еден час пред целосно да ја срамни со земја. Ова е четврти пат зградата да биде цел на напад. Израелската армија претходно соопшти дека местото е цел на напади, бидејќи Хезболах тука складира „милиони долари наменети за финансирање на неговите активности“.
💥 🇮🇷 Iran hits an air defense system in Tel Aviv. pic.twitter.com/1cb9Nzc1QJ
— Global Insight Journal (@GlobalIJournal) March 17, 2026
Т.Д.
