Сојузот на синдикатите на Македонија денска оддржа работнички протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.
Одлуката за излегување на улица, како што информираше претходно претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, доаѓа по игнорирањето и неисполнувањето на синдикалните барања од страна на Владата и работодавачите. Тие предвидуваат законско усогласување на минималната плата за само 1.667 денари, сума што, според Синдикатот, не ја покрива ниту зголемената вредност на синдикалната потрошувачка кошничка.








