Вести Економија Топ вести

ССМ: Повеќе од 154.000 работници живеат во длабока сиромаштија со плата под 30.000 денари

154.408 работници имаат плата под 30.000 денари и имаат огромна причина да протестираат за зголемување на минималната плата, соопштија од Сојуз на синдикатите на Македонија.

Според податоците од Управата за јавни приходи во Македонија бројот работници кои примаат плата изнесува 503.031.

Прагот на сиромаштија во Македонија изнесува 31.200 денари, а 1/3 од работниците во Македонија живеат со примања под прагот на сиромаштија, односно работат, а се сиромашни!

Борбата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата значи директно зголемување на платите на овие 154.408 работници кои имаат огромна причина да се борат за зголемување на нивната плата и да излезат на протест.

Ги повикуваме сите работници, нивните најблиски, ги повикуваме и овие 154.408 работници да се придружат на протестот кој ќе започне на 14 Март, во 12.05 ч, од пред Работничкиот дом во Скопје и кој ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.

ССМ излегува да се бори за зголемување на работничките плати, а работниците треба да излезат да се борат за својата плата затоа што зголемувањето на минималната плата значи зголемување на сите останати плати!

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе