Вести Најважни Свет

Американско-израелската војна против Иран се разгорува

Три дена откако САД и Израел заеднички го нападнаа Иран, убивајќи го врховниот лидер на исламската република, Али Хаменеи и други високо рангирани воени и политички лидери, но и над 150 девојчиња во едно основно училиште, конфликтот продолжува да се шири се повеќе и надвор од границите на Иран.

Екстремно десничарската влада на Нетанјаху, жестоко ги бомбардирала јужните предградија во Бејрут, упориште на про-иранската милитантна груба Хезболах, убивајќи најмалку 31-лице. Израел тврди дека нападот е реакција на истреланите проектили кон територијата на еврејската држава и се закани со нови напади, разгледувајќи ја и можноста за воени операции и на земја.

„Хезболах отвори оган минатата ноќ, тие знаеја што прават. Ги предупредивме, сега ќе платат висока цена за ова. Подготвени сме, одлично подготвени. Мобилизиравме околу 100 000 резервисти, десетици батаљони, бригади и дивизии кои се целосно подготвени за одбрана на северната граница и за сите можности, во одбрана или во напад“, изјави Ефи Дефрин, портпарол на израелската армија.

Израелците, кои долг период притискаа за воен напад на Иран и соборување на режимот на Хаменеи, спровеле и бројни напади во текот на минатата ноќ, против различни цели. Иранскиот одговор на американско-израелските напади беше брз и кон различни правци и цели, напаѓајќи ги речиси сите свои соседни држави, најголем дел од кои се американски сојузници во заливот и кои генерално важат за безбедни, луксузни дестинации за туризам и економски инвестиции.

Бројни инциденти со човечки жртви и материјална штета се регистрирани во Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби , Ирак, Џордан, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија. Официјален Техеран порачува дека не сака војна со своите соседи, но не може да дозволи нивните територии и американските бази кои се наоаѓаат во овие држави да бидат користени за напади против Иран.

„Една значајна работа е дека ние веќе им кажавме на земјите во регионот дека немаме намера или план за агресија врз нив. Но, кога базите лоцирани во нивните држави се користат против нас, Соединетите држави и силите кои тие ги собраа во регионот, вршат операции против нас. Ако Соединетите американски држави вршат операции против нас, ние ќе ги таргетираме сите нивни бази и локации во регионот“, рече Ари Лариџани, Секретар на Врховниот Совет за Национална Безбедност.

Властите во Кувајт соопштија и дека неколку американски борбени авиони се урнале на нивната територија, додека екипажот на леталата безбедно се евакуирал. САД соопштија дека околностите на овие инциденти се уште се истражуваат.

Но, во воениот одговор на Иран настрадаа и првите американски војници. Тројца американски војници беа убиени а петмина се потешко повредени во нападот на воена база во Кувајт. Американскиот претседател, Доналд Трамп, чиј подем кај републиканците почна со ветувањето дека нема повеќе да дозволи американски војници да гинат во ткн вечни војни, сега ја предупредува јавноста дека ќе има и нови жртви.

„Како една нација, ние тагуваме за вистинските американски патриот кои ја дадоа најголемата жртва за нашата нација. Дури и додека продолжуваме со праведната мисија за која тие ги дадоа своите животи, се молиме за целосно опоравување на ранетите и ја испраќаме нашата огромна љубов и вечна благодарност на семејствата на жртвите. И за жал, ќе има уште повеќе. Пред да заврши, тоа така ќе биде – најверојатно ќе има повеќе, но ќе направиме сѐ што можеме тоа да не се случи“, вели Доналд Трамп, претседател на САД.

По катастрофалните искуства во Ирак и Авганистан, американската јавност се помалку ги поддржува воените интервенции за промена на режимите во странските држави.

Никола Илиевски

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даниела Димовска едногласно избрана за претседателка на Кривичниот суд

Tea Dimkovska

Google Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата – опфатени 13.000 километри

Sasko Dimovski

Николоски и директорoт на ЈП Железници на тест возење на реконструирана пруга за товарен железнички сообраќај

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе