Вести Свет Топ вести

Рим презема мерки за заштита од топлотните бранови

Властите во Рим, заедно со католичката заедница „Сант’Еџидио“, спроведуваат активности за заштита на повозрасните граѓани кои живеат сами за време на екстремно високите температури… Преку програмата „Да живеат старите“, волонтери ги посетуваат старите лица, им носат намирници, финансиска помош и им обезбедуваат социјална поддршка.

Според координаторите на проектот, секое второ лице постаро од 80 години во Рим живее само, што значително го зголемува ризикот за време на топлотните бранови. Градот годинава бележеше 15 последователни денови со највисоко ниво на предупредување поради жештините.

Општината во Рим најави дополнителни мерки за справување со високите температури, меѓу кои се зголемување на зелените површини, садење дрвја и воспоставување систем за следење на старите лица кои живеат сами. Експертите посочуваат дека пошумувањето може да ја намали температурата во урбаните средини и до четири Целзиусови степени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Евакуирани стотици лица откако нестабилна висококатница предизвика тревога во Њујорк

Tea Dimkovska

Судскиот совет денес избира претседател на Кривичниот суд во Скопје

Tea Dimkovska

Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот со Русија

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе