Вести Економија

Блокадите го стопираа увозот на енергенси за РЕК Битола, превозниците попладнево на состанок

Поради блокадите на превозниците ЕСМ не може да го донесе потребниот јаглен и мазут за РЕК Битола. Бараат од транспортерите да нема застој во испораката на енергенси за да не се случат проблеми во производството со струја. Превозниците пак попладнево на итен состанок. Од ЕСМ пак тврдат дека од вчера ниту може да замине камион за Грција, ниту пак се пропуштаат транспортери од таму за да ги донесат јагленот и мазутот.

Ако не се донесе потребниот јаглен од Грција ќе мора да се користат домашните количини кои се со помала калорична вредност и во тој случај за производство на струја ќе треба да се употребува три пати повеќе мазут кој пак исто така заради блокадите не може да се внесе во земјава и доколку не се донесе од надвор,  повторно ќе треба да се користи оној од државните резерви, соопштија од ЕСМ.

Од Асоцијацијата на превозници Макам Транс пак за Телма соопштија дека околу 15 часот ќе имаат состанок на кој точно ќе се утврди што ќе се пропушта, а што не. До сега според она што го кажуваа, слободен проток бил овозможен само на жива стока, лекови и експлозиви.

Министерот Николовски пак на фејсбук се пофали  дека македонските превозници се прифатени како професионални.

Во однос на ова се изјасни и потпретседателката на Европската комисија на презентацијата на стратегијата дека проблемот се разгледува.

Ги разгледуваме проблемите и работиме на решавање како дел од стратегијата, изјави потпретседателката на ЕК, Хена Виркунен.

Превозниците веќе четврти ден се на блокади на граничните премини, заедно со нивните колеги од Србија, Црна Гора и БИХ и бараат ЕУ да донесе нови мерки со кои нема да се ограничи нивниот престој во земјите од шенген зоната на 90 дена во период од шест месеци- односно да не се третираат како туристи.

Предупредуваат дека ако нема измени освен транспортот,  штети ќе трпи целата економија. Од бизнисот пак деновиве се изјаснија дека ги поддржуваат превозниците во намерите,  но дека со блокадите загуби има стопанство. Професионалните возачи пак возвратија дека бизнисот за ова е информиран одамна.

Ирена Чачкова 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Водата во Крушево не е бактериолошка исправна – Центарот за јавно здравје Прилеп препорачува да не се користи за пиење

Sonja Petrusevska

Валандовското комунално цела недела молчело за забраната за пиење на водата од АХВ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе