Вести Најважни Свет

Трамп: Ќе „најдeме решение“ за спорот околу Гренланд

Претседателот Доналд Трамп  изјави дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во НАТО ќе „најдат решение“ за спорот околу Гренланд.

-Мислам дека ќе најдеме решение со кое НАТО ќе биде многу среќен и со кое ние ќе бидеме многу среќни, рече Трамп неколку часа пред да замине на Светскиот економски форум во Швајцарија.

Во исто време, Трамп го повтори својот став дека на САД им е потребен Гренланд од безбедносни причини.

На прашањето колку далеку би бил спремен да оди за да го стави островот под контрола на САД, тој одговори: -Ќе дознаете.

Трамп, исто така, рече дека САД планирале голем број состаноци за Гренланд за време на собирот на висок профил во швајцарското алпско одморалиште Давос.

Тој претходно изјави дека разговорите во кои учествуваат страните во спорот меѓу САД и Европа ќе се одржат на маргините на форумот, но не прецизираше кој ќе присуствува.

Републиканскиот претседател не остави никакво сомнение дека сака да го стави Гренланд, кој ѝ припаѓа на Данска, под контрола на САД.

Откако европските сојузници од НАТО изразија солидарност со Данска и Гренланд, Трамп рече дека ќе воведе казнени царини од 1 февруари за да изврши притисок врз противниците на продажбата на арктичкиот остров на САД.

На прашањето за противењето меѓу жителите на Гренланд на приклучувањето кон САД, Трамп рече: -Кога ќе разговарам со нив, сигурен сум дека ќе бидат воодушевени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава тргнува од Неготино

Дејан Дејан

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе