Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил најави дека придружуван од висока владина делегација ќе учествуваме на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
– Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции“, вели тој.
Меѓу другото најавува дека ќе биде учесник на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија и дека очекува успешни состаноци и успешна посета во Давос.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
