Вести Македонија Топ вести

Еко активистите бараат одговори за загадувањето и најавуваат протести

Герила акции со снимање на потенцијални загадувачи домаќинства и индустриски објекти спроведуваат струмичани во обид да се најдат виновниците за загадениот воздух во Струмица.

Еко активистите ги поттикнуваат граѓаните да испраќаат материјали не само до инспекциите, туку и да се објавуваат на социјалните мрежи со цел да се информираат граѓаните каде има сомнително согорување.

За „Здрава котлина“ е неприфатливо дека најголеми загадувачи се домаќинствата, тие сметаат дека вакво загадување може да произведе само индустријата.

  • „Дали струмичките домаќинства загадуваат повеќе од оние во другите градови во државата? Дали само Струмица е котлина? Зошто ова лето од 1 јуни Струмица беше најзагаден град со ПМ честички во огромен број и со сулфур диоксид поголеми концентрации од Битола која го има РЕК? Дали тогаш се затоплуваа домаќинствата? Не, ние овде имаме рак-рана што мора да се решава сега и веднаш“, вели Ѓорги Танушев од Здрава котлина.

Покрај тоа, од „Здрава котлина“ бараат и повторно ревидирање на дозволите за работа и условите кои во нив се наведени бидејќи токму лошата категоризација остава простор за еден вид легално загадување.

  • Вие ако имате дозвола за работа издадена од МЖСПП, а во неа нема барање за поставување филтри, тогаш инспекциите кога ќе дојда нема да ви бараат филтри. И вие на тој начин поддржувате легално загадување, вели Танушев.

Следната сабота, на 24 јануари, „Здрава котлина“ организира протест во Струмица против аерозагадувањето. Последните неколку години тие редовно протестираат барајќи да се зголемат инспекциските тимови, опремата за детекција на загадувачи, но и ригирозни казни за загадувачите.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе