Вести Македонија Најважни

Почина 69-годишен маж од компликации на грип

Почина 69-годишен маж од компликации на грип, кој изминатите неколку дена во многу критична состојба бил лекуван на Клиниката за инфективни болести. По пет дена на респиратор ја загубил битката за живот. Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, вели дека пациентот имал повеќе заболувања, меѓу кои и хронична опструктивна белодробна болест и не бил вакциниран против грип.

„Вчера во утринските часови на Инфективната клиника почина 69 годишен пациент. Кај него беше потврдена лабораториски Инфлуенца А. Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија и акутен респираторен дистрес синдром“, изјави Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести.

На Инфективната клиника дневно има повеќе од 100 прегледи. Во моментов на болничко лекување се речиси 30 пациенти, претежно повозрасни со повеќе заболувања, а голем дел од нив не се вакцинирани против грип. Неколку пациенти се на кислородна поддршка, а еден со најтешка клиничка слика е на механичка вентилација.

„Бројката на хоспитализирани пациенти се движи некаде меѓу 25 до 30 пациенти. Од нив неколку се на кислородна поддршка, а само еден е на механичка вентилација- за него може да се смета дека е потежок случај“, додаде Цана.

Директорот на клиниката посочи дека здравствената установа располага со доволно капацитети за лекување, но апелираше до ризичните категории граѓани навремено да се вакцинираат против грип. За неколку дена, ова е втор смртен случај од компликации на грип. Во среда на Инфективната клиника почина и 75-годишна жена, која исто така била невакцинирана и со повеќе заболувања.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во втората недела од 2026 година регистрирани се 2.321 случаи на грип, што е за 34,6 отсто повеќе во однос од претходната недела. Споредбено со истиот период минатата сезона, бројот на заболени е повеќе од двојно. И покрај зголемениот број случаи на грип, здравствените власти оценуваат дека нема потреба од пролонгирање на второто полугодие, кое треба да започне во вторник.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши загрижен за инцидентот со функционерите на Влен на граница со Албанија

Дејан Дејан

Можно труење со храна во ТИРЗ зоната во Штип – епидемиолошки тим земал мостри од храна и брисеви од работни површини во кујната

Sasko Dimovski

Кога ќе се потрошат моменталните залихи, лекот Фостер ќе биде достапен без доплата за граѓаните, рече Клековски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе