Регистрирани се пет возила ратраци што превезувале скијачи без дозвола од Националниот парк „Шар Планина“ во зоната на Попова Шапка.
– При теренските контроли, на државен имот, беше констатирано вршење на дејноста скијање со пет возила ратраци од страна на одреден оператор кој нема склучено договор, односно соодветна спогодба, со Јавната установа Национален парк Шар Планина, како што е предвидено со Одлуката за режимот на движење со моторни возила на територијата на Националниот парк Шар Планина и со Планот за управување со паркот. Како директен резултат на овие контроли, веднаш беше преземена мерка за забрана на движењето на ратраците на операторите кои не ги исполниле законските услови, односно кои немаат склучено договор со институцијата за регулирање на вршењето на туристичката дејност во рамките на територијата на паркот, информираат од оваа установа.
Ренџерската служба на Јавната установа Национален парк Шар Планина ќе продолжи со редовни и интензивирани теренски контроли.
