Филмови

ЦРНА КУТИЈА -сабота, 17 јануари 2026 – 22:30

Модерниот авион ATR 300 мистериозно се урнува во француските Алпи. Сите очи се насочени кон Матијас Гесар — млад, но исклучително талентиран аналитичар на црни кутии.

Неговата задача е да ја открие вистината скриена во аудиозаписите на летот. Но, што подлабоко навлегува во анализата, толку повеќе се сомнева дека несреќата не е обична грешка, туку резултат на заговор и манипулација.

Опседнат со вистината, Матијас ќе ја доведе во прашање сопствената кариера, колегите, па дури и својот разум — во трка против времето и тишината што крие тајни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ПАДОТ НА МЕСЕЧИНАТА -недела, 05 јули 2026 – 24:00

Дејан Дејан

КРИСТИНА – недела, 05 јули 2026 – 22:15

Дејан Дејан

ЛУСИ – ГАНГСТЕРКАТА – недела, 05 јули 2026 – 10:45

Promo Telma

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе