Вести Најважни Свет

Се појави видео снимка снимена од агентот на ICE кој смртно застрела жена во Минеаполис –ја убива и гласно ја пцуе

Видео снимка, која е снимена од американскиот агент за имиграција кој смртно застрела жена во Минеаполис во средата, се појави во американската јавност и на социјалните мрежи, на кое се регистрирани последните моменти пред да започне пукотницата.

На снимката од 47 секунди, која ја добил медиумот „Алфа њуз“ со седиште во Минесота, се гледа Рене Никол Гуд како седи зад воланот на својот автомобил и разговара со полицаецот.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, го сподели видеото на социјалните мрежи, коментирајќи дека агентот дејствувал во самоодбрана.

Локалните власти инсистираа дека жената не претставувала никаква опасност.

Сопругата на Гуд ѝ оддаде почит на 37-годишната жена, велејќи дека тие само се  обидувале да изразат поддршка за своите соседи кога таа била застрелана. Нејзината смрт предизвика протести низ САД.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп тврди дека Гуд се обидела да го прегази агентот на американската Служба за имиграција и царина (ICE) со возилото, откако го блокирала патот и ја попречила работата на оваа контроверзна американска агенција.Снимката започнува со полицаецот како излегува од својот автомобил и го снима возилото на Гуд додека се движи околу него.На задното седиште има куче.Гуд вели: „Добро е другар. Не ти се лутам.“Втора жена, за која се смета дека е нејзината сопруга, стои на улицата и ја снима интеракцијата со својот мобилен телефон. Се чини дека му кажува на агентот на ICE: „Не ги менуваме табличките секое утро… само да знаеш, ќе биде истата табличка кога ќе дојдеш да разговараш со нас подоцна.“Потоа додава: „Дали сакаш да не нападнеш? Попаметно, оди и купи си ручек, големо момче.“Друг агент и се приближува на Гуд од страната на возачот и ја навредува со пцовка, велејќи: „Излези од колата.“Агентот кој го снима видеото доаѓа пред колата на Гуд додека таа се движи со автомобилот наназад.Во хаотични неколку секунди, Гуд го врти воланот надесно и тргнува напред.Камерата се крева кон небото и се слушаат истрелите од огненото оружје.Во последниот дел од видеото се гледа како автомобилот излетува од патот и се слуша гласни пцовки од агентот на ICE кој смртно ја застрела жената, нарекувајќи ја „проклета кучка“.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рачна бомба фрлена кон ресторан во тетовско, две лице се повредени во експлозијата

Дејан Дејан

Ердоган им подари на сите лидери на НАТО гравиран револвер и кутија со боева муниција

Kristina Kuzmanovski

За пари од осигурување лажно пријавиле сообраќајка, „Безбеден град“ ги откри

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе