Вести Македонија Најважни

(Видео) Над 100 евакуирани луѓе во Кичево по поплавите, големи штети во Тетово и во Гостивар

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека обилните врнежи синоќа предизвикале излевања на дел од реките, поплави на станбени објекти, земјоделско земјиште, подруми, како и одрони и свлечишта на патиштата. Граѓаните се повикуваат да пријават проблеми на бројот 112, а сите надлежни служби се активни на терен.

Најголеми штети се регистрирани во Кичево, каде се евакурани над 100 луѓе во спортска сала со греење, информираше градоначалникот Александар Јовановски за Телма. Тој објасни дека меѓу евакуиринатите има и болни луѓе за кои покрај топол оброк се обезбедува и лекарска помош.

Досега не е побарана помош од државата, на градот му помага и Црвениот крст. Штети се регистрирани и во Тетово и во Гостивар, каде одроните го отежнале сообраќајот, како и во Ресен, Охрид каде се поплавени дворови, земјоделско земјиште и подруми. ХЕЦ „Маврово“ пријави намалено производство поради излевање на Вардар.

УХМР најавува дека за време на викендот се очекуваат повторни локални врнежи и постепено опаѓање на температурите.

K.K.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со проекција на „Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду вечерва во Дојран се отвора фестивалот „Преку езерото“

Дејан Дејан

(Фото) Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

Kristina Kuzmanovski

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клинички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе