Вести Македонија Најважни

(Видео) По обилните врнежи од дожд во Битола, излеана вода и повеќе блокирани улици

Вечерва по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа поплавување на улици низ градот битолската „Нискоградба“ и другите јавни претпријатија започнаа акција за санирање на состојбата, соопштија од Општина Битола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

Најкритична е состојбата кај стариот „Прогрес“ кај каналот од реката „Курделес“ кој се излеа, поради што е отежнат сообраќајот на улицата „Македонска фаланга“ (старата „Иво Лола Рибар“) до Железничката станица.

На најкритичните точки има распоредено полициски патроли кои го блокираат сообраќајот за да не се заглават автомобили во надојдената вода, јавува тимот на Телма од Битола. Отворени се и повеќе шахти за да може водата побрзо да се слева во градската одводна мрежа.

Интервенции има и на улицата „Солунска“ во населбата „Боримечка“, на Лавчански пат и населбата „Стрчин“.

Екипите продолжуваат со работа за санирање на состојбата, а остануваат на терен со оглед на најавите за продолжување на врнежите.

„Мобилизирани се екипи од „Битолско поле“, „Водовод“, „Стрежево“ и ќе се интервенира во Кравари, во Канино, Лера, Горно Српци, на река Црна, потесното и поширокото градско подрачје на општината“, велат од општината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со проекција на „Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду вечерва во Дојран се отвора фестивалот „Преку езерото“

Дејан Дејан

(Фото) Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

Kristina Kuzmanovski

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клинички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе