Вести Македонија Најважни

Христос се роди – Навистина се роди: Македонските православни верници го слават Божиќ

Со поздравот „Христос се роди – Навистина се роди“, денеска се слави Божиќ, еден од најголемите христијански празници. Божиќ го симболизира Христовото раѓање. Овој празник се прославува во семејна атмосфера, со почитување на вековните христијански обичаи. Верниците велат дека Божиќ за нив значи време за семејство, сплотеност и молитва. Тие си посакаа здравје, среќа, мир и благосостојба.

АНКЕТА ГРАЃАНИ:

„Божиќ е празник за по дома. Се собира целото семејство на вечера. Правиме погача и сарма“

„Божиќ е најголемиот празник за христијаните. Многу здравје на сите граѓани на Македонија“

„Ова е најголем празник. На сите им посакувам здравје и напредок на сите полиња“

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, присуствуваа голем број верници. По повод Божиќ, се читаше божиќно послание. Со тоа се упатува порака за мир, љубов и почит.

„Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие. Каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди туку и владеат норми најспротивни на нив. Но, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено“, порача отец Сашко.

Вчера беше Бадник, се јадеше посна храна и се кршеше лепче со паричка. Денес е Божиќ, ден кога се јаде мрсна празнична храна и се слави Христовото раѓање.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николоски оптимист дека ќе се избегнува статусот „загрозено подрачје“ за Охрид, автопатот ќе се гради

Дејан Дејан

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

Имате јавен профил на Инстаграм? Внимавајте сега фотографии може да завршат во вештачка интелигенција без воопшто да знаете

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе