Обвинет по разни федерални точки од обвинението, вклучително и завера за наркотероризам, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро утре (понеделник, 5 јануари) за првпат ќе се појави во федералниот суд на Менхетен, најави претставник на министерството за правда на САД.
Во обвинението се наведува дека Мадуро и неговите сојузници ги претвориле институциите во Венецуела во жаришта на корупција што ја придвижува со трговија со дрога, а сетоа тоа за лична корист. Според обвинението на американското Министерство за правда, државниот врв на Венецуела со децении бил вклучен во масовен шверц на дрога.
„Повеќе од 25 години. челниците на Венецуела ги злоупотребуваа своите позиции на јавна доверба и ги корумпираа некогаш легитимните институции за да увезат тони кокаин во САД“, се наведува во обвинението.
Како главен организатор е означен токму претседателот Николас Мадуро.
