Вести Македонија

На ГАК родени 4026 деца- премиерот со порака дека љубовта кон татковината се покажува со создавање семејство

Дали првото бебе родено во 2025-та година беше симбол на надеж или само краток зрак светлина во мрачната демографска слика на државата? На Клиниката за гинекологија и акушерство годинава, повеќе новороденчиња од лани. Податоците охрабруваат, а лекарите велат негативниот тренд конечно е запрен.

  • „Пред малку се породи 4026-то дете што значи дека оној тренд на пад на раѓање на нашата клиника го намаливме и јас искрено се надевам дека така е во секоја иституција и дека повторно младите ќе се охрабрат повеќе да раѓаат во нашата држава“, вели Ирена Алексиоска Папестиев директор на Клиниката за гинекологија и акуштерство

Статистиката покажува дека лани вкупно се родиле околу 16 000 бебиња на територијата на Македонија, слично како годината пред тоа, а претходните 3 години бројката на новородени деца беше меѓу 18 и 19 илјади годишно..

За таквата реалност, премиерот Христијан Мицкоски со порака дека, љубовта кон татковината се покажува со создавање семејство.

  • „Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, нашата политика е про-лајф политика. Да испратам една порака до младите, да одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња. Од 2016-та до 2024-та година имаме за 6.000 помалку родени бебиња. Ако е една училница од 20 ученици, тоа значи 300 празни училници. Ако една училница е долга 20 метра, имаме 6 километри празни училници. Отприлика вака изгледа изумирање на една нација“, вели Христијан Мицкоски премиер на РСМ.

Додека државата повикува на повеќе деца, статистиката покажува дека колку е поголемо семејството, толку е поголем ризикот од сиромаштија. Повеќе од половина од семејствата со три и повеќе деца живеат под прагот на сиромаштија, а речиси секој втор самохран родител едвај преживува.  Најпогодени се семејствата со пет и повеќе членови каде што повеќе од половината живеат во сиромаштија.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе