Вести Свет Топ вести

(фото)Во Кина пуштен во употреба најдолгиот тунел на светот – 22,13 километри

Тунелот Тјаншан Шенгли, долг 22,13 км, што е најдолг тунел за експресен пат во светот, официјално беше отворен за сообраќај вчера. Минува низ централните планини Тјаншан во автономниот регион Синџијанг-Ујгур во северозападна Кина, тунелот го скратува она што некогаш беше неколкучасовно планинско возење на само 20 минути.

Како витална артерија што ги поврзува градските групи во северен и јужен Синџијанг, автопатот Урумчи-Јули, вклучувајќи го и тунелот, влезе во употреба истиот ден.

Протегајќи се на 2.500 километри, планините Тјаншан поминува низ централен Синџијанг, одвојувајќи го Урумчи, најголемиот град на север, од Корла, најголемиот град на југ.

Со отворањето на експресниот пат, времето на патување помеѓу овие два големи града е намалено од 7 часа на приближно 3 часа, промовирајќи ја економската интеграција помеѓу северен и јужен Синџијанг и создавајќи нови канали за надворешна размена.

Експресниот пат, што се градеше пет години, се протега на 324,7 километри со вкупна инвестиција од околу 6,63 милијарди американски долари.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе