Свет Топ вести

Трамп со ново предупредување до Венецуела, Мадуро му одговори реши си ги проблемите во својата земја

Претседателот на САД Доналд Трамп упати ново предупредување до венецуелскиот претседател Николас Мадуро, додека крајбрежната стража на сад ги засилува напорите за запирање на танкерите за нафта во карипското море, како дел од ескалирачката кампања за притисок на републиканската администрација врз владата во Каракас.

„Тој (претседателот на Венецуела, Николас Мадуро) може да прави што сака. Мадуро?  Па јас одговарам, може да прави што сака. Имаме формирана огромна армада, најголемата што некогаш сме ја имале и убедливо најголемата што некогаш сме ја имале во Јужна Америка. Може да прави што сака. Во ред е. Што сака да прави. Ако сака да направи нешто ако игра цврсто, тоа ќе биде последен пат кога ќе може да игра цврсто, изјави Трамп. 

Николас Мадуро  пак изрази незадоволство од надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Мадуро рече дека „неговата цел е да се спроведат светските конвенции за да се спречат напади врз бродови, пиратство и сите злосторства против меѓународната трговија“.

-Разговарав со претседателот Доналд Трамп на 21 ноември и тоа беше срдечен, почитувачки разговор.  Потоа, бев замислен и во последните денови размислував за нелегалните напади што се случија. Мислам дека претседателот Трамп би можел да направи подобро за својата земја и за светот. Би направил подобро, нели? Во својата земја, во однос на економските и социјалните прашања, истакна Мадуро.

 

Би направил подобро со светот

ако се осврнеше на проблемите

 

во својата земја. Секој претседател

треба да се фокусира на

 

проблемите на својата земја,

бидејќи не може 70% од

 

неговите говори и изјави

да бидат за Венецуела.“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе