Вести Македонија Топ вести

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Со изгласувањето на реконструкцијата на Владата, Собранието потврди дека процесот на промените продолжува. ВЛЕН влегува во нова фаза на владеење со зголемена одговорност и со кадри кои ги олицетворуваат професионалноста, знаењето и интегритетот, велат од партијата.

Истакнуваат дека професорот Jетон Шасивари ќе раководи со Министерството за правда, Агон Ферати ќе биде министер за односи меѓу заедниците, додека Седат Сулејмани ќе го предводи Министерството за култура и туризам.

  • Од оваа реконструкција, ВЛЕН излегува уште посилен политички, со вкупно 6 министерства силно продолжуваме и со нашите кадри во економија, животна средина и евроинтеграции, со мисија да изградиме посилни институции и чесно да им служиме на граѓаните. соопштија партијата.

ВЛЕН ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и гарант на реформите што ја движат државата напред.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе