Вести Свет Топ вести

Продуктивни тридневни разговори во Мајами, но без напредок за крај на војната меѓу Украина и Русија

Продуктивни и конструктивни тридневни разговори во Мајами, но не бил постигнат голем напредок во напорите да се заврши војната во Украина, ова го кажаа мериканските и украинските преговарачи, предводени од Стив Виткоф и Рустем Умеров по средбата за договорот кој треба да ја заврши војната меѓу Украина и Русија.

Двајцата рекоа дека состанокот се фокусирал на усогласување на ставовите за план од 20 точки, мултилатерална рамка за безбедносни гаранции, рамка за американски безбедносни гаранции за Украина и на план за економија и просперитет. Во Мајами се одржуваа и одделни разговори помеѓу Виткоф и руски претставници, на чело со Кирил Дмитриев.

-Нашиот заеднички приоритет е да го запреме убивањето, да обезбедиме загарантирана безбедност и да создадеме услови за закрепнување, стабилност и долгорочен просперитет на Украина, се наведува во соопштението на Виткоф и Умеров.

Виткоф изјави дека и разговорите со руските претставници биле продуктивни и дека Русија останува целосно посветена кон постигнување мир во Украина.

Трамп ги притиска Украина и Русија да склучат мир, но двете земји досега не успеаја да ги решат клучните прашања. Во исто време, американските разузнавачи предупредуваат дека Владимир Путин не планира да запре на Украина, туку сака да освои и делови од Европа кои порано му припаѓале на советскиот блок. На својата годишна прес-конференција во петокот, Путин кажа дека нема да има други војни после Украина ако Русија се третира со почит.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе