Црвена линија

Црвена линија с6. е.040 денеска во 16:15 (15 деке. ’25)

Проневера со јавни пари. Големи суми. Мали последици. Истраги има. Приведувања има. Одговорност нема. Системот „функционира“ само откако ќе исчезнат стотици илјади евра. Изгледа дека не е проблем да се краде. Проблемот е кога ќе се претера… Проневерата не се случува за еден ден. Таа трае. Се повторува. И некој не ја гледа.Дали некој мора да украде стотици илјади евра за да биде фатен? Зошто не се фати крадецот кога ќе ги украде првите 50 евра? Каде е контролата додека парите исчезнуваат? Крадецот е виновен, но зошто оној кој го поставил „мува не го лази“? А, и, контролорите – по проневерата се однесуваат „извинете јас не сум од тука“.
А, додека надредените и контролата не одговараат – проневерата ќе биде правило, не исклучок.
АНКЕТА: Кога проневерата се дознава:
а) Кога ќе се претера;
б) Кога ќе стане јавна тајна или
в) По грешка?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Црвена линија с.6. e.184 денеска во 16:15 (22 јули ’26)

Дејан Дејан

Црвена линија с.6. e.183 денеска во 16:15 (21 јули ’26)

Дејан Дејан

Црвена линија с.6. e.182 денеска во 16:15 (20 јули ’26)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе