Свет Топ вести

Мачадо се појави јавно во Осло по месеци во криење

Венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, направи неочекувана јавна појава во Осло по повеќемесечно криење.

Таа пристигна во Осло, неколку часа откако нејзината ќерка ја прими Нобеловата награда за мир во нејзино име.

Мачадо тајно ја напуштила Венецуела, но не успеа да стигне на време на доделувањето на наградата. Таа пред два дена со брод тргна од Венецуела до карипскиот остров Курасао, а потоа со приватен авион отпатува за Норвешка.

Таа е под долгогодишна забрана за патување, наметната од венецуелските власти и се крие повеќе од една година.

Мачадо ја доби Нобеловата награда во октомври за, како што беше наведено, нејзината неуморна работа на промовирање на демократските права на народот на Венецуела и борбата за постигнување мирна и праведна транзиција од диктатура кон демократија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

(Фото) Франција со воена парада го одбележа Денот на Бастилја

Kristina Kuzmanovski

Падна Владата на Украина, премиерката Свириденко поднесе оставка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе