Судскиот совет донесе одлука досегашниот претседател на Управниот суд, Бурим Сејдини, да ја извршува функцијата в.д. претседател до избор на нов раководител. Мандатот на Сејдини официјално истекува на 14 декември.
Како што беше образложено на седницата, Сејдини ги исполнува потребните услови за привремено раководење со институцијата и со 11 гласа „за“ е избран да ја продолжи функцијата од 15 декември.
На дневен ред на седницата се најдоа и други точки, меѓу кои и усвојувањето на Годишната програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, заедно со Акциониот план.
