На Академската сцена при Факултетот за драмски уметности – Скопје, вечерва
хрватската писателка и драматург Јасна Жмак ќе го изведе својот авторски
перформанс „Тhis is my truth, tell me yours (Ова е мојата вистина, кажи ми ја
твојата). Гостувањето на Жмак во Скопје е дел од тринаесеттото издание на
фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, во организација
на Tiiiit! Inc.
– Перформансот претставува личен и искрен авторски проект во кој Жмак го
преиспитува својот однос кон уметничкото поле, отворајќи прашања за авторските
позиции, нивната одговорност, како и за анксиозностите што ги носи творечкиот
процес, се вели во најавата за перформансот.
Појдовна точка на проектот е личното искуство на авторката од 2011 година, кога за време на
претставата „MandićStroj, поради истрел од сценски пиштол добива тинитус и
хиперакузија – случка што подоцна станува основа за нејзиното истражување на
начинот на кој уметноста директно влијае врз нашите животи и реалности.
Иако на прв поглед далечни, темите на тинитусот и патријархатот во претставата
стануваат централни оски околу кои се гради изведбата – на границата меѓу стенд-
ап и перформативно предавање.
– Жмак, која за првпат се појавува на сцена како изведувачка, нѐ води низ своите
драматуршки и сексуални искуства, поставувајќи прашања за вистинитоста,
репрезентацијата, партиципативноста и смислата на уметничкото творење во
капиталистичкиот контекст, се вели во објавата.
Во октомври, перформансот ја освои највисоката Гран при награда „Мира Траиловиќ“ на меѓународниот театарски фестивал БИТЕФ во Белград. Беше нагласена неговата автентичност, прецизност и повеќеслојност, како и критичкиот и храбар пристап кон патријархалните и капиталистички структури во
изведувачките уметности.
„Бевме воодушевени од спојот на нежност, дарежливост и искреност, а особено сакавме да ја истакнеме и поддржиме кревкоста и неуништливата содржина на оваа претстава“, се вели во одлуката на жирито.
Госувањето на Јасмина Жмак во Скопје е со поддршка на Kvinna till Kvinna, Амбасадата на Шведска во Северна Македонија и Equality Fund.
Сотир Трајков
