Македонски железници Инфраструктура почна со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни табли кои со години наназад го нарушуваат автентичниот изглед на Железничката станица во Скопје.
Директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски, преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.
С.Д.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
