Отворена е донаторска сметка за помош на малата Милена, која боледува од тешка ретка болест што бара скапо и комплексно лекување во странство. Семејството ги повикува сите хумани граѓани да помогнат, бидејќи потребната терапија и медицински интервенции се над нивните финансиски можности.
Донациска сметка:
210700000696305 – НЛБ Тутунска банка
Во следниот период ќе бидат активирани и телефонски линии за донации за сите кои сакаат да помогнат и на тој начин. Мајката на Милена упати емотивен апел до јавноста, посочувајќи дека секој ден е борба и дека девојчето итно има потреба од средства за да продолжи со лекувањето.
„Милена се соочува со состојба која сами не можеме да ја надминеме. Нејзината болест бара постојана медицинска грижа и третмани кои семејството не може да ги обезбеди. Секој денар, секое споделување и секој збор на поддршка се дел од нејзината надеж за подобро утре“, порача мајката.
Семејството упатува длабока благодарност до сите кои ќе се приклучат и ќе помогнат во оваа пресудна битка.
