Првпат по апсењето се огласи Џејла Рамовиќ која тврди дека со нејзиниот бенд ги имала сите потребни документи и дозволи за нејзиниот настап во Кичево. Таа за српските медиуми тврди дека документите и била уредни, а организаторот ги уверил дека ги добил останатите дозволи со цел да се одржи настапот.
„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа соодветно подготвени и доставени до организаторот, со комплетна постапка што редовно ја следиме секој пат кога доаѓаме во Северна Македонија. Организаторот нè увери дека ги добил сите преостанати дозволи за одржување на настапот во согласност со договорот што го имаме. И покрај ова, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно во ред“, вели Џејла Рамовиќ во соопштението испратено до српските медиуми.
Таа упати жалење, и потенцираше дека Македонија е една од земјите кои ја сака, и секогаш ѝ е драго да настапува.
Т.Д.
