Вести Македонија Топ вести

Премиерот ги одобри Сали и Хоџа за нови министри

Беким Сали ќе биде вицепремиер и министер за европски прашања, а Мухамед Хоџа-министер за животна средина и просторно планирање. Премиерот ги одобри предлозите на „Вреди“ и тие се веќе доставени и пристигнати и во Собранието.

Нема потврда дали досегашниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе замине за амбасадор во Брисел. Од коалицијата брифираат дека за ова прашање уште се разговара.

Засега нема промени во секторот Здравство, за што деновиве се шпекулираше дека на местото на Азир Алиу се планира да седне Башким Бакиу. Но не е исклучено овој ресор да биде опфатен со  најавената реконструкција на владата по конгресот на ВМРО ДПМНЕ.

Сали е актуелен пратеник и поранешен министер за здравство во владата на Димитар Ковачевски. По професија стоматолог, своето политичко искуство го почнал како претседател на огранокот на општина Чаир на движењето „Беса“. Од 2019 до 2020 година бил организациски секретар на партијата „Алтернатива“, а подоцна и  генерален секретар и потпретседател на оваа партија.

Хоџа, пак,  е поранешен член на ДУИ и беше портпарол во владата на  Зоран Заев.

Сега е на потег Собранието кое ќе треба да ги именува новите министри. Деновиве беше најавено дека, штом ќе стигнат предлозите, ќе биде закажана и седница за нивно именување.

Далиборка Демјанска Цветановска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе