Вести Македонија Топ вести

Наместо во ќелија, Белулу во болнички кревет – доби уште 15 дена слобода за 10 годишната затворска казна за Ласкарци

Дурмиш Белули, газдата на „Дурмо Турс“ осуден за трагедијата кај Ласкарци, денес наместо да се појави во Идризово за издржување на 10 годишната затворска казна тој е во Клиничката болница Тетово на операција.

Во болнички кревет наместо во затворски. Газдата на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули доби ново одложување на денот кога требаше да се појави во затвор. Судијата за извршување на санкции од гостиварскиот суд, Кирко Михајлоски за Телма рече дека минатата недела во судот пристигнало барање да му се одложи издржувањето на затворската казна со образложение дека Белули бил хоспитализиран на 28 ноември а за денес му била закажана и операција на другиот тестис.

Судијата ни рече дека утрово бил во болницата во Тетово и земал изјава од докторот кој треба да ја изврши операцијата а потоа и лично го видел Белули на болнички кревет.

Михајлоски одобрил одлагање за 15 дена и новиот термин кога сопственикот на „Дурмо Турс“ треба да влезе во Идризово е 17 декември. Белули и претходно го одложуваше во затвор поради здравствени причини.

Второобвинетиот шеф на возниот парк Ремзи Мифатри пак е во бегство и по него е распишана потерница откако не се појави во Идризово на издржување на 10 годишната казна. Претходно и тој го одлагаше одењето во затвор поради оперативен зафат.

Во 2019 година во близина на селото Ласкарци автобус на Дурмо турс излета од патот при што загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени.

На 9 мај Апелациониот суд во Скопје на газдата Белули му ја зголеми затворската казна од четири, на десет години. На Мифтари му ја зголеми од шест на десет години затвор. Возачот Мануел Трифуновски остана со 14 години затвор и уште тројца вработени во станицата за технички преглед добија по 5 и по 7 години затвор.

Предметот е пред Врховен суд од каде велат дека во јули го испратиле на мислење во обвинителството и сè уште не е вратен од таму со одговор.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе