Вести Македонија Топ вести

Белули на болнички кревет наместо во затвор за издржување на 10 годишна казна за трагедијата кај Ласкарци

Дурмиш Белули, Газдата на „Дурмо турс“ осуден за трагедијата кај Ласкарци, денеска наместо да се појави во Идризово за издржување на 10 годишната затворска казна тој во Клиничката болница Тетово е на операција.

Судијата за извршување на санкции од гостиварксиот суд Кирко Михајлоски за Телма потврди дека претходно добил барање за одлагање затоа што Белули бил хоспитлаизиран на 28 неомври, а за денеска му била закажана и операција на тестиси.

Судијата во телефонскиот разговор за Телма кажа дека утрово бил лично во болницата во Тетово каде земал изјава од докторот кој треба да ја изврши операцијата, а потоа и лично го видел Белули на болнички кревет.

Михајлоски одобрил одлагање за 15 дена и новиот термин кога осудениот треба да почне да ја издржува казната е 17 декември. Ова е трет пат како Белули го одложува одењет во затвор поради здравствени причини.

Второбвинетито  шеф на возниот парк  Ремзи Мифатри пак е во бегство и по него е рапсишана потерница откако не се појави во Идризово на издржување на казната. Претходно и тој поради операција на кила на тестиси го одлагаше издржувањето на затворската казна. Во 2019 година во близина на селото Ласкарци автобус на Дурмо турс излета од патот при што загинаа 16 лица , а над 30 беа повредени.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе