Вести Македонија

Рекорден одзив за самовработување, одобрени над 2.500 грантови за старт на приватен бизнис

Со свечено доделување на договорите за грантови денес во Владата, десетина млади претприемачи ја завршија процедурата предвидена со Оперативниот план за самовработување и ќе ја започнат својата идеја за приватен бизнис.

Според официјалните информации, министерството за економија доби над шест илјади апликации од кои речиси половина се одобрени а две и пол илјади се во процес на потпишување на договор за грант.

„Ако ги погледнеме бројките, во 2025 година за оваа мерка се планирани 25 милиони евра два пати повеќе од 2024 година, а во 2026 година младите до 29 години дополнително ќе бидат поддржани за отворање на сопствен бизнис“ изјави Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.

Од оценетите 2.681 бизнис план најголем број се на апликанти кои се под 29 години а од вкупно шест илјади апликации речиси 3.300 се од лица под 29 години. За две и пол илјади апликанти кои ќе ги потпишат договорите следува дводневна обука за влез во претприемништвото.

Годинава сумата за апликантите се разликува па за лица до 29 години е максимални 10 илјади евра додека за лица над 29 години е максимални седум илјади евра и за прв пат постои можноста за задружување.

„Веруваме дека секој од добитниците на овој грант што го доделуваме има потенцијал да изгради стабилен и одржлив бизнис кој ќе придонесе кон локалната економија и отворање на нови работни места. Во оперативниот план за 25 година овозможивме и задржување на двајца корисници во ДОО а финансиската поддршка изнесува најмногу до 20 илјади евра зависно од целните групи на двете лица кои го основаат ова друштво“, вели Сељатин Белули, в.д. директор на АВРСМ.

Апликантите имаат обврски и треба да опстојат на пазарот најмалку две години користејќи ги средствата од грантот.

„Првата година ако не успеат да ја вршат својата дејност 80 проценти од средствата треба да ги вратат, втората година 60 проценти од грантот. Минимум треба две години фирмата да постои и работи и потоа да се затвори. Ако не пример вработениот сака да го раскине договор или да оди на друго работно место претприемачот мора да најде замена за вработување“ додава Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.

Оперативниот план за самовработување за оваа година тежи 40 милиони евра кои ќе им се доделат на апликантите а планот е да бидат опфатени 16 илјади лица.

Oгнен Чанчаревиќ

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе