Вести Македонија Топ вести

Обвинителството истражува пријави за изборен поткуп на евидентирани во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе

Обвинителството истражува пријави за изборен поткуп на евидентиран во обвинителствата во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе. Обвинителите испитуваат и евентуално прекршувања на изборниот молк.

Пријавено било и дека во струмичко Ново село има погрешно испечатени ливчиња. Известена била Државната изборна комисија да го замени материјалот, но од обвнителствoто велат нема елементи на кривично дело.

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

И од МВР со оценка дека гласањето се одвива во мирна атмосфера без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Полицијата уапсила двајца крушевчани за изборен поткуп а добиле пријави и за агитирање при гласање на повеќе места кои до сега не се потврдени информираа од МВР.

„Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Утрово од МВР информираа дека регистрирани биле 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови. Гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници поминало без нарушување на гласањето, регистриран е само еден настан.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

(живо)Нема контаминација на алуминиумските фолии во кои беа завиткаки еврата на апелациониот судија Ристов, тврди вештакот на МВР

Дејан Дејан

Судот го ослободи Никола Груевски за „Талир 2“ и го одби барањето на Обвинителството за конфискација на партискиот имот

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе