Вести Свет Топ вести

Стармер со осуда за терористичкиот напад во синагога во Манчестер

Британскиот премиер Кир Стармер го осуди терористичкиот напад врз синагога во Манчестер, при што загинаа две лица, а четворица беа тешко повредени на најсветиот еврејски празник — Јом Кипур.

Напаѓачот удрил со автомобил во верници пред синагогата, по што започнал да ги напаѓа со нож.

Нападот е прогласен за терористички акт од страна на британските власти. Напаѓачот, 35-годишен британски државјанин со сириско потекло, бил убиен од полицијата откако се посомневале дека носи експлозив.

Според полицијата, тој не бил на списокот на лица под надзор за ризик од радикализација.

Дополнително, три други лица се уапсени под сомнение за поврзаност со тероризам.

Премиерот Стармер најави зголемени безбедносни мерки за еврејските заедници во Британија и повика на национално единство против растечкиот антисемитизам.

Тој истакна дека Велика Британија ќе покаже „сочувство, достоинство и љубов“, и најави поголемо полициско присуство пред синагогите и еврејските објекти.

(фото)Двајца убиени, тројца во сериозна состојба- напад на синагога во Манчестер на најсветиот ден

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе