Вести Свет

Иран го нападна Јордан

Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека истрелала балистички ракети врз американска воздухопловна база во Јордан.

ИРГЦ го повика јорданскиот народ да бара отстранување на американските бази од нивната земја.

Вие добро знаете дека не чувствуваме никакво непријателство кон вашата земја. Всушност, ве сакаме благородни луѓе, бидејќи ја разбирате болката и страдањето на палестинскиот народ подобро од кој било друг, се наведува во соопштението на ИРГЦ кое го објави новинската агенција Фарс.

Во меѓувреме Обединети Арапски Емирати соопштија дека иранска крстосувачка ракета погодила два нивни нафтени танкери во Ормуска Теснина, при што загина еден морнар од Индија, а осум се повредени.

И Оман денеска соопшти дека е погоден танкер во близина на брегот Мусандама, при што 18 морнари се евакуирани, а тројца се водат како исчезнати.

ИРГЦ тврди дека погодените танкери во Ормуска Теснина ги игнорирале предупредувањата, ги исклучиле навигациските состави и се обидел да поминат низ минираната рута.

Попладнето властите во Кувајт соопштија дека земјата е под воздушен напад.

Вооружените сили во моментов пресретнуваат непријателски цели во кувајтскиот воздушен простор, соопшти Генералштабот на армијата во соопштение, при тоа ги повика луѓето да „ги следат безбедносните упатства издадени од властите, стои во соопшетнието

Иран изминатите денови изврши повеќекратни напади врз Кувајт и другите сојузници на САД во Персиски Залив, како одговор на американските напади врз негова територија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе