Вести Свет

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Јуни беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од април 2022 година, соопштија Обединетите нации нагласувајќи ги разорните последици  од засилените напади на Русија врз градовите далеку од фронтовските линии.

Мисијата на ОН за мониторинг на човековите права во Украина  соопшти дека најмалку 293 украински цивили биле убиени во јуни, а 1.990 повредени, со што бројот на цивилни жртви за годината досега, достигна речиси 1.400.

Ова е највисока бројка на загинати цивили во период од 4 и пол години колку што трае руската инвазија, односно  37% повеќе од истиот период минатата година и повеќе од двојно повеќе од  истиот период во 2024 година.

„Зголемувањето на бројот на загинати беше во голема мера предизвикано од нападите со долг дострел од страна на Руската Федерација, кои главно ги погодија урбаните центри далеку од линијата на фронтот“, соопштија од ОН.

Руски ракети со долг дострел беа испукани во станбени згради во градови, вклучувајќи ги Днепар, Одеса и главниот град Киев.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе