Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Брисел треба да го напушти пристапот кон проширувањето што е сè повеќе базиран на заслуги, во кој Црна Гора и Албанија се водечки кандидати, и наместо тоа да го прими Западен Балкан заедно.
–Што сакате да изградите? Посилни граници меѓу сите? Ако сите одиме заедно, нема да има граници меѓу Приштина, Белград и сите други“, рече Вучиќ во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Претседателот на Србија кажа дека се надева на голем потег за приклучување кон целиот регион на ЕУ.
–Ни треба регионот да биде обединет. За да не стане нова зона на конфликт меѓу луѓето што влегуваат во ЕУ и другите што се далеку од неа, рече Вучиќ.
