Вести Најважни Свет

(фото)Двајца убиени, тројца во сериозна состојба- напад на синагога во Манчестер на најсветиот ден

Двајца убиени, тројца во сериозна здравствена состојба ова е епилогот на инцидентот кој што се случи на најсветиот ден на еврејскиот верски календар.

Напаѓач со автомобил влeта во група луѓе пред синагога во северна Англија, а потоа почнал да ги напаѓа луѓето нанесувајќи им убоди со нож.

Полицијата го застрелала и го уби осомничениот, соопшти полицијата на Манчестер, но и беше потребно некое време за да потврди дека е мртов поради сомнежите дека има експлозив со себе.

  • „Како што беше потврдено од страна на полицијата за борба против тероризмот (CT), веруваме дека идентитетот на сторителот е утврден, но додека не сме сигурни во овој факт, прерано е да се изнесат овие детали во овој момент. Покрај тоа, можам да потврдам дека уште две лица се уапсени во врска со овој инцидент и во тек се итни истраги. Можеме да потврдиме дека двајца членови на нашата еврејска заедница за жал починаа во овој напад“ – Стивен Вотсон, началник на полицијата на Манчестер.

Нападот се случил додека луѓето се собирале во православна синагога на Јом Кипур, денот на искупувањето и најсвечениот ден во еврејскиот календар.

Антисемитските инциденти во Велика Британија се зголемија по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователната воена кампања на Израел во Газа.

Повеќе од 1.500 инциденти се пријавени во првата половина од годината.

  • „Сега стигнавме до точка каде што Британија е на раскрсница и мислам дека Евреите се само 0,4% од британската заедница. Не можеме сами да се бориме против ова и мислам дека ќе треба да видиме промена во однос на приоритетот што се дава на обезбедувањето луѓето да можат да одат во синагога и да се молат безбедно, знаејќи дека нивните најблиски нема да бидат нападнати на начинот на кој луѓето беа нападнати денес во Манчестер“ – Ричард Ферер, уредник на „Џуиш њуз“.

Видео на социјалните медиуми покажа полиција со пиштоли насочени кон лице кое лежело на земја под сината Давидова ѕвезда на ѕидот од тули на синагогата. На видеото можеше да се слушне случаен минувач како вели дека човекот имал бомба и се обидувал да ја детонира. Кога човекот се обидел да стане, се слушнал истрел и тој паднал на земја.

Манчестер беше местото на најсмртоносниот напад во Велика Британија во последниве години, самоубиствениот бомбашки напад во 2017 година на концертот на Аријана Гранде во кој загинаа 22 лица.

Премиерот Кир Стармер изјави дека е згрозен од нападот и дека дополно полицаски сили ќе бидат распоредени во синагогите низ Велика Британија.

Тој се врати во Лондон од самитот на европските лидери во Копенхаген, Данска, за да претседава со состанокот на владиниот комитет за итни случаи.

Кралот Чарлс III изјави дека тој и кралицата Камила се „длабоко шокирани и тажни“ кога дознале за нападот „на толку значаен ден за еврејската заедница“.

На најсветиот еврејски ден двојно убиство пред синагога во Манчестер

Дигитална обработка: Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе