Вести Македонија

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kилометарски колони од возила се формираа вечерва на автопатот Тетово-Скопје. Големиот застој е предизвикан од сообраќајна несреќа која се случила во непосредна близина на првата наплатна станица на влезот кон Скопје.

Како што информираат од МВР за Телма,  околу 19:30 часот на автопатот Тетово-Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило “фолксваген кеди”, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. и патничко возило “голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од Л.А..

Од несреќата со повреди се здобиле А.И., Л.А., како и тројца сопатници од возилото “голф”, констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза” и ГОБ “8 Септември”. Во тек е увид.

Сообраќајот се одвива под исклучително тешки услови и со големо задоцнување. Возило на Итната медицинска помош е притигнато на местото на несреќата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија на полувреме води против Франција

Kristina Kuzmanovski

Иран го нападна Јордан

Kristina Kuzmanovski

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе