Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности.
Kампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември.
Државната изборна комисија е подготвена за спроведување на изборниот процес, во интервју за МИА, потенцираше претседателот Борис Кондарко. Вели, се надева на фер изборна кампања. Со сличен тон се огласи и собранискиот спикер Африм Гаши и повика на политичка зрелост и граѓанска култура.
