Вести Македонија Најважни

Петмина ученици завршиле на инфективна – сендвичарата во која јаделе е под клуч

Петмина ученици кои на големиот одмор јаделе седнвичи во сендвичара-киоск во близина на нивното средното училиште завршија во штипското Инфективно одделение. Мајката на еден од учениците, која сака да остане анонимна вели дека нејзиното дете првите симптоми ги добило неколку часа по консумирањето на храната и се сомнева во квалитетот на месото или компирите.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство денеска преку соопштение информираат  по добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип  дека пет лица се здобиле со симптоми на труење, извршиле инспекциски надзор во сендвичарата, земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини. Мајката на едно од децата кое завршило во болница апелира надлежните да вршат чести контроли на местата каде се чува храната и на самите угостителски објекти каде се послужува.

По наредба на инспекциските служби на АХВ сендвичарата е времено затворена со до добивање на резултатите од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе