Обемни економски и воени санкции на Обединетите нации повторно се воведени против Иран, откако Велика Британија, Франција и Германија го активираа т.н. „snapback“ механизам, обвинувајќи ја земјата за ескалација на нуклеарната програма и негирање соработка.
Санкциите стапија на сила 10 години по потпишувањето на историскиот нуклеарен договор (JCPOA) во 2015 година, кој предвидуваше ограничувања на збогатениот ураниум и нуклеарниот развој во Иран, во замена за олеснување на санкциите.
Но, по повлекувањето на САД од договорот во 2016 година и неодамнешните бомбардирања на ирански нуклеарни објекти од страна на САД и Израел, Иран ја прекина соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и ја зголеми нуклеарната активност.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги нарече санкциите „нелегални и неправедни“ и предупреди дека тие ќе ја загрозат дипломатијата. Тој одби американски предлог за тримесечно ослободување од санкции во замена за предавање на збогатениот ураниум, велејќи: „Зошто би си ставиле омча околу вратот секој месец?“
Западните сили и „IAEA“ остануваат скептични кон тврдењата на Техеран дека нуклеарната програма е исклучиво за мирољубиви цели. Сепак, ЕУ земјите порачаа дека санкциите не значат крај на дипломатијата и го повикаа Иран да се воздржи од натамошна ескалација.
