Изгаснат пожарот во депонијата Арачиново избувна кој во текот на ноќта . Информира утрово дирекоторо на ДЗС Стојанче Ангелов.
-По неколкучасовно гаснење со специјална пена скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сеуште може да се забележи чадење од неколку места, извести Ангелов.
Претходно директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот најверојатно бил подметнат, бидејки гореше поголема количина пакуван сончоглед и други леснозапалливи материјали. Поради насоката на ветерот, чадот од пожарот можеше да се почувствува и во неколку скопски населби, во Аеродром и Ново Лисиче.
