Украинскиот парламент гласаше за новиот премиер Сергеј Корецки, поранешен директор на државната енергетска компанија „Нафтогас“, како дел од големата реконструкција на владата иницирана од претседателот Володимир Зеленски.
Зеленски го предложи Корецки, истакнувајќи го неговото искуство во енергетскиот сектор и оценувајќи дека тој е најдобриот избор да ѝ помогне на Украина да се подготви за уште една воена зима. 289 пратеници гласаа за неговото назначување.
Корецки има две децении искуство во нафтената и гасната индустрија.
Инженер и економист по образование, досега немал никаква функција во владата, ниту е поврзан со некоја политичка партија, а според аналитичарите, ова му дава предност, пренесува Ројтерс.
