Вести Македонија

Подметнат пожар кај депонијата во Арачиново

Голем пожар избувна синоќа на депонијата кај скопско Арачиново, каде што гори поголема количина пакуван сончоглед и други леснозапалливи материјали. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот најверојатно е подметнат и дека се шири со силен интензитет. Поради насоката на ветерот, чадот од пожарот можеше да се почувствува и во неколку скопски населби, во Аеродром и Ново Лисиче. Иако депонијата е оградена скопските пожарникари затекнале отворена влезна врата. Гаснењето е отежнато поради обемот на пожарот, како и поради природата на материјалите што горат.Се разгледува можноста за затрупување на пожарот, а депонијата е под надлежност на Општина Арачиново.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расте интересот на читателите за класиците

Дејан Дејан

Левица: Пропадна можноста за суштински изборни реформи, ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони евра за политичка пропаганда

Sasko Dimovski

СДСМ: Вистинската штета не се изгубените 4,2 милиони евра, туку застојот на евроинтеграциите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе