Вести Свет

Зеленски: Подготвен сум за средба со Путин во Казахстан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и други земји ѝ понудиле на Русија преговори на ниво на лидери, па дури и во Казахстан, објави „Фокс њус“.

Во интервју за „Фокс њуз“, претседателот на Украина изјави дека е подготвен да се сретне со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, каде било – но не во Москва, како што претходно предложи претседателот на Русија.

„И тимот на Трамп, мојот тим, Европејците, вклучувајќи го Макрон и другите лидери, и претседателот на Турција, сите понудивме да се сретнеме во Турција, Саудиска Арабија, Катар, во Европа, во неутрални држави како Австрија или Швајцарија. Рековме: „Дури и ако сакате некаде како Казахстан. Ние сме подготвени“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сега му верува повеќе отколку на Путин, што се случи откако Трамп изјави дека рускиот лидер „го изневери“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Падна Владата на Украина, премиерката Свириденко поднесе оставка

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе