Останато Спорт

МОТО ГП: Бецеки најбрз во квалификациите и спринтот во Сан Марино

Марко Бецеки од Априлија имаше перфектна сабота, бидејќи ќе стартува од пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Сан Марино во рамки на Мото ГП шампионатот, а воедно славеше и на спринт трката.

Бецеки имаше фантастичен настап пред домашната публика на патеката „Мизано“ и во квалификациите имаше најбрз круг со време од 1 минута, 30 секунди и 134 илјадитинки. Второ време имаше Алекс Маркез, додека трет ќе тргне Фабио Квартараро. Лидерот во генералниот поредок Марк Маркез денеска беше само четврти во квалификациите.

На спринтот повторно најбрз беше Бецеки пред Алекс Маркез и Фабио ди Џанантонио. Марк Маркез на половина од спринтот се проби до првото место, но кратко потоа загуби контрола над својот Дукати и излета од трката со што ја прекина низата од осум спринт победи по ред.

Утрешната главна трка за Големата награда на Сан Марино стартува од 15 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе