Скопје повторно се зави во црн чад. Голем пожар избувна во фабрика за електронски отпад и пластика во Трубарево во Општина Гази Баба. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека станува збор за компанијата „Ф групација“ која има два погони кои целосно биле зафати во пожарот.
Но, во нивна близина има уште два објекти кои работат со собирање на електронски отпад и пластика. Пожарникарите овој пожар го споредија со оној во Визбегово но потенцираа дека е со поголем интензитет и поопасен.
Против пожарните служби се на терен со целиот свој расположлив капацитет.
Првиот човек на ДЗС, Ангелов се сомнева дека станува збор за подметнат пожар, со образложение дека ваков објект сам од себе не може да се запали.
Според мојата перцепција од лице место се работи за намерно подметнат пожар повеќе од сигурно е намерно подметнат пожар, бидејќи не е едноставно да се запали ваков објект. Според мене ова е хибриден напад врз државата бидејќи да се волку тешки пожари кои предизвикуваат големо загадување на воздухот во главниот град ќе потсетам најпрво депонијата вардариште, потоа депонијата Дрисла , вчера депонијата во Шутка денес оваа фабрика погледнете ова зад мене што е, изјави директорот на ДЗС, Стојачне Ангелов
Општина Гази Баба помош доби и од околните општини.
-Ресурси доаѓаат и од општина Петровец, од општина Илинден, Сопиште. Правиме се што е во наша надлежност затоа што има опасност да зафати и дел од куќите и објектите кои што се индустриски на оваа локација тука изјави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стевковски
Од ЕВН било побарано да исклучат дел од мрежата поради што 920 корисници се без струја. Во овој дел енергетска мрежа има и МЕПСО, но за сега нема опасност.
Деновиве Скопје се бори и со непријатниот мирис кој се шири од депонијата Дрисла која беше зафатена исто од пожар пред неколку дена. Доцна синоќа жителите од неколку населени места во градот повторно ја почувствуваа непријатната миризба.
Од ДЗС велат дека поради падот на атмосферскиот притисок и промена на правецот на ветрот чадот го покрил градот. Се надеваат дека наскоро целосно ќе бидат затурпани критичните места затоа што дождовите и ветрот кои се најавуваат за следните два дена може да ја отежнат работата.
И додека жителите во Скопје се гушат од сите страни и секојдневно бараат надлежните да си ги средат проблемите, политичките партии и денеска продолжија со препукувањата кој е виновен за пожарите и кој што направил, или не направил, но и со политички активности.
Првиот човек на Министерството за животна средина Изет Меџити кој е кандидат за градоначалник на Чаир, наместо да се позанимава со проблемите во својот ресор, најави инвестициски бум во Општината.
Ирена Чачкова
