Познати се првите освојувачи на трофеите на атлетскиот Мундијал што се одржува во Токио.
Првите медали им беа доделени на одачите кои се натпреваруваа во трката на 35 километри.
Кај дамите златото и припадна на Марија Перез од Шпанија, која го одбрани тронот освоен пред две години во Будимпешта. Со среброто се закити Антонела Палмисано додека трета е Еквадорката, Милена Торес.
Во машка конкуренција триумф на Еван Данфи од Канада, кој на Игрите во Токио пред четири години беше трет на 50 километри, а во 2019-тата ја освои бронзата на шампионатот во Доха.
Втор на целта пристигна Каијо Бонфим од Бразил, а трет е Хајато Катсуки од Јапонија.
ФОТО: Игор Паневски































